Актуелниот вицешампион и финалист во Купот на Македонија, Пелистер ја искористи можноста да се засили пред крајот на преодниот рок.
Откако во последните недели ја прекина соработката со Амар Хот и Џонил Фуџет, битолскиот клуб денеска постигна договор со црногорскиот интернационалец Балша Драговиќ. Станува збор за кошаркар кој игра на позицијата 4, висок е 208 сантиметри и заедно со Јуре Планиниќ ќе биде големо засилување под кошот.
Во досегашниот дел од сезоната Драговиќ играше за Шенчур со кого настапуваше и во АБА 2 лигата, а последниот меч во ова натпреварување го одигра против ТФТ со кого ќе дебитира в сабота во дресот на Пелистер, но сега во македонското првенство. Драговиќ е веќе во Битола и се подготвува за завршниот дел од сезоната со тимот предводен од Дарко Радуловиќ.


