Екипата на ЦСКА ја има најлошата низа оваа сезона откако денеска го претрпе третиот пораз по ред во ВТБ лигата,
По неуспесите против Уникс и Парма, московскиот тим загуби на гостувањето кај Зенит со 71-81 и Уникс утре ќе има можност да се израмни со ЦСКА на лидерската позиција на табелата. Токму екипите на Македонците, Емил Рајковиќ и Ненад Димитријевиќ се среќаваат во следното коло во можеби директниот дуел за првото место по основниот дел од сезоната.
Што се однесува до денешниот меч, Зенит водеше речиси цел натпревар, со неколку исклучоци во воведната четвртина. Највисоката предност изнесуваше 15 поени разлика и тоа во последниот период.


