Екипата на ТФТ го задржа терминот од 13 часот кога игра на домашен терен оваа сезона и во него ќе го пречека и Пелистер во дербито од 18. коло на Првата македонска кошаркарска лига. Во денешниот дуел, ТФТ влегува како шестопласиран, а Пелистер е на четвртото место на табелата.


