Екипите на Вардар и Кожув се среќаваат денеска во директен дуел за опстанок во елитната конкуренција. Двете екипи претрпеа измени во ростерите за време на тринеделната пауза, нешто повеќе имаше Кожув кој ги смени странците и се раздели со Димитар Пандев, додека Вардар се засили со Амар Хот и Џонил Фуџет од Пелистер. Домаќините во овој меч ќе влезат со серија од 11, а гостите со 6 порази. Дуелот меѓу Вардар и Кожув се игра од 16 часот во Кале.


