Кожув ја прекина серијата од шест, а на Вардар му го нанесе 12. пораз во низа во еден од директните дуели за опстанок во елитната конкуренција.
Гевгеличани славеа во Кале со 92-78 и сега се во многу поповолна позиција во борбата за избегнување на последните две места, па дури и за пласман во плејофот. Тоа беше прва победа за Кожув во 2024 година и прв по 2 декември 2023.
До неа дојде пред се благодарение на многу подобрата игра во последната четвртина која ја доби со 27-15. Во првите три период се играше главно израмнето со мали резултатски осцилации. Вардар во првата четвртина водеше со 18-12, а Кожув во третата имаше 58-51, но по 30 минути игра беше 65-63 за гостите. Последниот квартал Кожув го почна со 9-2, а подоцна со уште една серија од 13-1 поведе со највисоки 89-72 и стави точка на сите дилеми околу победникот.
Новите играчи во составот Пен и Марковиќ со по 20 поени беа најефикасни кај Кожув, но уште тројца постигнаа двоцифрен број и практично таа петорка реализира 84 од вкупно 92 на гевгелискиот тим. Наков со 22 поена го предводеше Вардар кој нема првенствена победа од 5 ноември 2023.


