Легендата на светската кошарка Леброн Џејмс ноќеска испиша нова страница во историјата откако синоќа стана прв играч кој ја минал границата од 40 илјади поени во кариерата.

До големото достигнување, тој дојде на мечот против шампионот Денвер Нагетс на домашен терен кој Лејкерс го загуби со 114-124. На Леброн му недостасуваа девет поени, а постигна 26. До историскиот кош стигна со влез на почетокот од втората четвртина, но за разлика од минатата година кога стана најдобар стрелец во историјата, овојпат играта не беше запрена за да се одбележи големиот момент.
Забавата во Лос Анџелес, сепак, ја расипа Никола Јокиќ кој продолжи со одличните настапи и му донесе петти триумф по ред на Денвер. Србинот не оствари трипл дабл, но постигна 35 поени, 10 скока и 7 асистенции и беше далеку најдобар играч на мечот.
Во победничката екипа се истакнаа уште Портер со 25 поени и 10 скока и Мареј со 24 поени и 11 асистенции, додека кај Лејкерс, Ентони Дејвис оствари дабл дабл со 17 поени и 11 скока.
РЕЗУЛТАТИ
Бруклин – Атланта 114-102
Мајами – Јута 126-120
Мемфис – Портланд 100-107
ЛА Лејкерс – Денвер 114-124
Феникс – Хјустон 109-118


