Партизан и Олимпија одиграа извонредно ефикасен меч за европски услови и заедно постигнаа 212 поени.
Славеше Партизан со 110-102 пред се поради фуриозното прво полувреме во кое собори два рекорда на АБА лигата. Се разбира, рекордите се по бројот на поени, едниот што се однесува до прва четвртина на еден натпревар (42), а вториот во едно полувреме (70). Во случајот со бројот на поените во едно полувреме, Партизан го собори клупскиот рекорд кој до денеска изнесувашем 69, од дуелот против МЗТ Скопје во 2017 година.
Во воведните 20 минути Партизан водеше и со 18 поени, но во финишот Олимпија се доближи на само -2. Во драматичната завршница, „црно-белите“ некако успеаја да дојдат до триумфот во дуелот со својот најнезгоден ривал во АБА лигата.


