Босанскиот репрезентативец Јусуф Нуркиќ го собори рекордот на Феникс Санс откако на мечот против Оклахома Сити Тандер оствари 31 скок.
Такво нешто не е видено во НБА уште од 2010 година кога ист број скокови имаше Кевин Лав, тогашен член на Минесота Тимбервулфс. Воедно, остварувањето на Нуркиќ е и рекорд на сезоната бидејќи досега ниеден кошаркар не успеа да оствари повеќе од 26 скока.
Во 21. век, само петмина кошаркари успеале да дојдат до 30 или повеќе скокови на еден натпревар: Кевин Лав, Ендрју Бајнам, Двајт Хауард, Енес Кантер и сега Нуркиќ.


