Милвоки Бакс ја продолжи победничката серија во НБА лигата и таа сега изнесува шест триумфи во низа.
Пред своите навивачи, шампионот од 2021 година славеше со 113-106, на крилјата на Дејмијан Лилард кој одигра еден од своите најдобри натпревари оваа сезона. За 41 минута во игра, тој постигна 41 поен со 4 скока и 4 асистенции, а беше перфектен од линијата за слободни фрлања од каде погоди 13/13.
Гостите беа подобри и водеа во најголемиот дел од мечот, во третата четвртина водеа и со 15 поени разлика, но тотално колабираа во последниот период кој Милвоки го доби со 40-25 и направи резултатски пресврт. Одлучи серијата од 15-0 во која од 90-96, домашниот тим отиде на 105-96.
Одличен натпревар одиграа Пол Џорџ и Џејмс Харден кои постигнаа по 29 поени, но ни тоа не беше доволно за триумф на Клиперс. Покрај Лилард, кај Милвоки се истакна и Боби Портис со 28 поени и 16 скока.
РЕЗУЛТАТИ
Бруклин – Мемфис 102-106
Милвоки – ЛА Клиперс 113-106
Минесота – Портланд 119-114
Јута – Вашингтон 127-115
Сакраменто – Чикаго 109-113
ЛА Лејкерс – Оклахома 116-104


