Американскиот интернационалец Треј Томпкинс ќе остане во Црвена Звезда до крајот на сезоната откако клубот денеска го продолжи договорот со него.
Тој дојде на почетокот на февруари и потпиша едномесечен договор, но се уште не одигра ниедна секунда бидејќи не се наоѓа во добра физичка состојба. Во моментов не се ни знае кога ќе може да заигра, но во Звезда се надеваат дека за околу две недели ќе го имаат на располагање.
Утре Црвена Звезда гостува кај Монако во новото коло од Евролигата, а тренерот Јанис Сферопулос, освен на Томпкинс, нема да може да смета уште на Теодосиќ, Топиќ, Давидовац и Илиќ.


