Германскиот бундеслигаш Кемниц, во чиј стручен штаб е Македонецот, Ѓорѓи Кочов, оствари убедлива победа во првиот четвртфинален натпревар од ФИБА Европа купот.
Како гостин, Кемниц славеше на гостувањето кај Сарагоса со 98-64 и со едната нога е веќе меѓу четирите најдобри во ова напреварување. Не треба да се потсетува дека Сарагоса е од исклучително силната шпанска АЦБ лига во која во моментов се наоѓа на 11. позиција.
Претстои реваншот на домашен терен идната недела, но само чудо може да го спречи Кемниц да се пласира во полуфиналето. Германскиот тим сезонава има 12 победи на 13 натпревари во ФИБА Европа купот, а единствениот пораз го претрпе од Варезе во неважниот дуел од претпоследното коло во топ-16 фазата.


