Играчот на Оклахома Сити Тандер, Бисмак Бијомбо ги шокира сите на натпреварот против Портланд откако се онесвести покрај клупата на својот тим по само девет минути игра.
Искусниот кошаркар ги очекуваше своите соиграчи на тајмаут, а потоа се струполи на паркетот и мораше да му биде укажана лекарска помош. Веднаш потоа го однесоа во соблекувалната и повеќе не се врати на теренот.
Засега нема информации во каква состојба се наоѓа Бијомбо и дали ќе се врати во екипата која е најпријатно освежување во НБА оваа сезона и се бори за првото место во Западната конференција.


