Ентони Дејвис важи за еден од најдобрите кошаркари во својата генерација и во оваа ера во НБА, но очигледно има големи проблеми во дуелите со европските центри.
Ноќеска не успеа да го задржи Сабонис кој оствари трипл дабл во дуелот со Лејкерс и со тоа ја продолжи доминацијата врз Дејвис. Кошаркарот на Лејкерс се уште нема победа во натпреварите против Сабонис и меѓусебниот биланс во моментов изнесува 0/9.
Малку подобро стои против Никола Јокиќ, но само поради тоа што одиграл помалку натпревари. Скорот со центарот на Денвер изнесува 0/7, па кога ќе се соберат двајцата европски кошаркари, Дејвис во моментов е на 0/16 и се уште ја очекува првата победа.


