На 16 февруари во Средното угостителско училиште „Лазар Танев“, младите кошаркари од ИБА Академија имаа можност лично да се запознаат со познатиот српски кошаркар Жељко Ребрача, да тренираат со него и да добијат совети како да станат најдобри во тоа што го прават.
„Жељко Ребрача беше по четврти пат во Скопје со што се продолжува соработката со ИБА Академија и организација на заедничкиот камп ‘Ребрача 2024’ на Златибор. Нашите млади кошаркари имаа шанса да тренираат со легендата на европската и светската кошарка Жељко Ребрача, да научат некоја нова финта, како се станува шампион, МВП итн“, изјави Владимир Мирковски, основач на Интернационалната кошаркарска академија – ИБА.

Настанот помина во позитивна спортска атмосфера, а младите кошаркари од ИБА академијата се исклучително задоволни од тренингот и од сето она што за краток период успеаа да го научат од светската кошаркарска легенда. Кошаркарскиот камп “Ребрача” по четврти пат се одржува на Златибор во период од 14 до 21 јули во одмаралиштето Голија. Услови за тренинг и натпреварисе одлични, има 4 отворени терени, еден затворен и спортска сала и сетоа тоа ќе овозможи младите кошаркари да ја исполнат програмата. За краток период Кошаркарскиот камп ”Ребрача” прерасна еден од најдобрите кампови во регионот.
ПР текст







