Екипата на Работнички не се откажува од првото место на табелата по основниот дел од сезоната и вечерва ја оствари деветтата победа во низа во домашното првенство.
Тимот од Градски парк славеше на гостувањето кај Охрид со 111-96 и по повеќе од три месеци останува несовладан во шампионатот. Конечниот резултат сугерира лесна победа, но до неа Работнички дури во второто полувреме.

Охрид се држеше 17 минути во кои беше 38-38. Работнички до крајот на полувремето се одлепи на 48-40, а победата ја најави со серијата од 17-4 (пред крајот на втората и на почетокот од третата четвртина) по која поведе со 62-45. Нешто подоцна ги достигна и највисоките +26 (73-47) по што единствена дилема остана само конечниот резултат.
Сите играчи на Работнички добија минутажа на овој меч, а најефикасен беше Рикиќ со 22 поена и само едно промашување од игра (9/10). По 22 поена имаа и Лајонс и Бруер во домашниот тим.


