Екипата на Басконија славеше со 103-95 во дербито на 24. коло од АЦБ лигата против Барселона и остана во игра за пласман во плејофот.
Поранешниот шампион на Шпанија оваа сезона не учествуваше во Копа дел Реј бидејќи не беше во топ-8 во клучниот момент, а сега се наоѓа на деветтата позиција и му претстои тешка борба во последните десет кола. Играч на мечот беше Маркус Хауард кој во третата четвтина постигна 14, а натпреварот го заврши со 37 поени. Го следеше Мет Костело со 23 поени, додека на спротивната страна најефикасен беше Џабари Паркер со 19.
Со оовој пораз, Барселона речиси дефинитивно се прости од првите две места на табелата бидејќи Реал и Уникаха имаат голема предност, но ѝ виси и третата позиција затоа што Гран Канарија сега се израмни на табелата.


