Екипата на Лос Анџелес Лејкерс го победи довчерашниот лидер на Западот, Минесота со 120-109 на крилјата на фантастичниот Ентони Дејвис.
Центарот на Лејкерс заврши со 27 поени, 25 скока, 7 украдени топки, 5 асистенции и 3 блокади и стана првиот играч во историјата на НБА кој на еден натпревар имал 25+ поени, 25+ скокови, 5+ скокови и украдени топки и 3+ блокади. Заедно со него, одлично одигра и Леброн Џејмс кој постигна 29 поени, 9 асистенции и 8 скока.
Ентони Едвардс и Наз Рид беа најдобри во редовите на Минесота со по 25 поени со тоа што вториот реализира 21 поен во првото полувреме. Така, Тимбервулфс од првата завршија на третата позиција на Западот за што, меѓу другото, причина е неиграњето на еден од најдобрите играчи Карл Ентони Таунс кого го очекува подолга пауза.


