Раководството на НБА пред околу еден месец ја ангажирала инвестициската компанија Рајн Груп да ги разгледа и анализира можностите за формирање на нова лига во Европа.
Според извештаите, НБА во соработка со ФИБА ја разгледува опцијата за креација на ново натпреварување, независно од Евролигата, по примерот на Африка каде во 2021 ја формира Кошаркарската лига на Африка (БАЛ). Покрај тоа, планирано е интерконтинентално натпреварување, по примерот на Светското клупско првенство на ФИБА.
Менаџментот на НБА верува дека европската кошарка, заедно со Средниот Исток, може да генерира финансиски обрт од 3 милијарди долари годишно, според проценките на Рајн Груп.


