Кошаркарот на Партизан, Тристан Вукчевиќ ќе ја продолжи својата кариера во НБА откако Вашингтон Визардс одлучи да го искористи своето право и да го одведе во најсилната светска кошаркарска лига.
Според српските медиуми, отштетата која ќе ја плати Вашингтон е со седум цифри, но таа нема целосно да му припадне на Партизан, туку и на Реал од каде пред две години дојде Вукчевиќ.
„Вукчевиќ лани беше драфтуван од Вашингтон Визардс за кого настапуваше во Летната лига. Неговиот НБА клуб ја искористи откупната клаузула со што е овозможенп Тристан да заигра во САД. Пропишаната отштета, според претходно постигнатиот договор, е поделена меѓу Партизан и Реал. Тристан, ти благодареиме за се и среќно“, пишува во соопштението од белградскиот клуб.
Оваа сезона, младиот кошаркар одигра 12 натпревари во Евролигата со симболичен ефект од 4,2 поена и 2,3 скока. Поважна улога имаше во АБА каде на 14 настапи забележуваше по 10,9 поени и 3,6 скока.


