Вицешампионот Пелистер ја оствари четвртата победа во последните пет натпревари откако попладнево славеше на гостувањето кај Вардар во Скопје со 86-74.
Со тоа остана во игра за третото место по основниот дел од првенството, а во исто време му го загарантира на Вардар учеството во плејаутот бидејќи „црвено-црните“ ги загубија и теоретските шанси за осмата позиција.
Пелистер беше во водство безмалку цел натпревар, првата повисока предност ја срекна на стартот од втората четвртина кога поведе со 27-18, но потоа Вардар го имаше својот најдобар период на натпреварот и со серија од 13-0 стигна до своето највисоко водство (31-27). Гостите брзо се созедоа, до полувреме ја вратија контролата над резултатот и дојдоа до 41-37, а на три минути пред крајот на третиот период и до првата двоцифрена предност (59-48). Сите дилеми околу победникот беа решени во почетната фаза од последниот период кога Пелистер ги достигна највисоките +17 (70-53).
Андреј Маслинко со 23 поени беше прв стрелец на Пелистер, но се истакнаа уште Планиниќ и Магдевски со по 20, со тоа што првиот оствари и 10 скока. Атанасов со 20 поени го предводеше Вардар кој го претрпе 14. пораз по ред.


