Под својот просек одиграа Лука Дончиќ и Никола Јокиќ, но Далас и Денвер продолжија да победуваат во НБА.
Далас на домашен терен го победи Голден Стејт со 109-99, а по подолго време Дончиќ не беше најдобар стрелец во својот тим. Тој епитет сега му припадна на Кајри Ирвинг, но тој одигра безмалку 35 минути, за разлика од Словенецот кој на терен помина помалку од 30 поради повреда на тетивата.
Мавс го решија натпреварот благодарение на серијата од 16-2 на стартот од последната четвртина по која отидоа на 92-74, па Голден Стејт повеќе не се симна на едноцифрена негатива. Ирвинг заврши со 23 поени, 10 асистенции и 8 скока, а Дончиќ ја прекина серијата од 7 натпревари со трипл дабл, постигнувајќи 21 поен со 9 асистенции. Прв стрелец на мечот беше Куминга со 27 поени, но Вориорс повторно беа без првата ѕвезда Стеф Кари.
Денвер славеше на гостувањето кај Мајами со 100-88, пред се поради одличната последна четвртина која ја доби со 28-17. Јокиќ го заврши мечот со 12 поени и 14 скока, но сега одговорноста ја презедоа Портер кој постигна 25 и Гордон со 16 поени. По 66 одиграни натпревари, шампионот конечно застана на првата позиција на табелата на Западот со 46 победи и 20 порази.
РЕЗУЛТАТИ
Детроит – Торонто 113-104
Орландо – Бруклин 114-106
Индијана – Чикаго 129-132
Мајами – Денвер 88-100
Мемфис – Шарлот 98-110
Њу Орлеанс – Кливленд 95-116
Далас – Голден Стејт 109-99
Портланд – Атланта 106-102
Сакраменто – ЛА Лејкерс 120-107


