Во борбата за третата позиција на табелата, ТФТ денеска го пречекува Еуро Никел, неколку дена по нокаутот што го доживеа од МЗТ Скопје. Кавадарчани во минатото коло ја прекинаа серијата од три порази и во добро расположение доаѓаат во главниот град, со надеж дека ќе почнат нова победничка серија. Натпреварот меѓу ТФТ и Еуро Никел се игра од 18 часот во Кале.


