Дербито на 20. коло од Првата кошаркарска лига се игра вечерва во Чаир каде истоимениот тим го пречекува МЗТ Скопје. За шампионот, ова е последен сериозен тест во основниот дел од сезоната и ако излезе како победник од овој меч, многу веројатно ќе влезе во плејофот од првата стартна позиција. Натпреварот во Чаир се игра од 21 часот.


