Нешто повеќе откако се врати на кошаркарските терени по долгата пауза, македонскиот репрезентативец Теодор Симиќ блесна во дресот на Борац Бања Лука.
Младиот центар одигра извонреден натпревар на гостувањето кај Леотар и го предводеше својот тим до исклучително важна победа со 85-80. За помаллу од 25 минути во игра, Симиќ постигна 22 поена што е негов личен рекорд оваа сезона, а додаде уште 8 скока и 3 асистенции.
Особено импресивен, Симиќ беше во првото полувреме во кое постигна 18 од своите 22 поена. Неговиот досегашен рекорд изнесуваше 10 поени, реализирани на дуелот со Посушје минатата недела.


