Екипата на ТФТ се израмни со Еуро Никел откако денеска го совлада на домашен терен со 73-56,, во 20. коло од Првата македонска кошаркарска лига.
До триумфот, тимот од Тафталиџе дојде благодарение на одличното второ полувреме кое го доби со 41-23 откако воведните 20 минути миинаа во релативно израмнета игра. Најголемата предност на Еуро Никел изнесуваше три поени со кои и заврши првото полувреме.
ТФТ го отвори вториот дел со 16-5 и на половина од третиот квартал веќе водеше со 47-39. Оттогаш до крајот Еуро Никел не успеа да ја загрози победата на домашниот тим и го претрпе четвртиот пораз во последните пет кола.
Петмина кошаркари во тимот на ТФТ имаа двоцифрен ефект, а најефикасен беше Зафиров со 13 поени. Смит Меквен го предводеше Еуро Никел со 19 поени.


