Екипата на Уникс ја задржа челната позиција во ВТБ лигата откако утринава славеше на гостувањето кај Енисеј во Краснојарск со 93-69.
Најголемиот дел од работата беше завршен во третата четвртина која актуелниот шампион ја доби со 26-9 и дефинитивно го скрши отпорот на домашниот тим. Со тоа, Уникс се врати на победнички патеки откако во претходното коло доживеа неочекуван пораз на гостувањето кај Парма.
Ненад Димитријевиќ повторно одигра на своето ниво и за речиси 30 минути во игра постигна 14 поени, 6 асистенции и 4 скока.


