Македонскиот репрезентативец Кристијан Николов игра како препороден во Турција, по лошиот старт на сезоната во дресот на Работнички.
Денеска, репрезентативниот плејмејкер го оствари личниот рекорд во дресот на Капакли, постигнувајќи 23 поени на мечот Орманспор. Неговиот тим загуби со 86-97, но се уште има шанса да се пласира во плејофот од Втората лига на Турција.
Покрај 23. поени, со кои беше најефикасен играч во својот тим, Николов додаде уште 7 асистенции и 2 скока, а погоди пет тројки од девет шута.


