Освен Далас, победа со кош во последната секунда, синоќа оствари и Мајами Хит кој го погоди Детроит со 104-101, благодарение на тројката на Бам Адебајо.
Центарот на Мајами беше и еден од најдобрите играчи на гостинскиот тим, постигнувајќи дабл-дабл со 20 поени и 17 скока. Мајами си ја искомплицира ситуацијата бидејќи во третата четвртина водеше со 17 разлика, за на крајот да го решава мечот во последниот напад. Фурние беше најефикасен кај Детроит со 18 поени, Канингем додаде 17, а Фонтекио уште 13.
BAM ADEBAYO GAME WINNING THREE pic.twitter.com/YLGWaFWguo
— Mink Flow (@currypistonn) March 17, 2024
Мајами со оваа победа остана во игра за шестата позиција во Источната конференција бидејќи заостанува еден триумф зад Индијана, додека Детроит и натаму е втор најлош тим во лигата.
РЕЗУЛТАТИ
Милвоки – Феникс 140-129
Детроит – Мајами 101-104
Далас – Денвер 107-105
Орландо – Торонто 111-96
Вашингтон – Бостон 104-130
Сан Антонио – Бруклин 122-115
ЛА Клиперс – Атланта 93-110


