Реал Мадрид вчера славеше исклучително важна победа на гостувањето кај Уникаха во Малага и веројатно го обезбеди првото место на крајот од основниот дел од сезоната.
Сепак, мечот во Андалузија, освен триумфот на европскиот шампион, го одбележа и инцидентот меѓу двајцата кошаркари на Реал, Факундо Кампацо и Гершон јабуселе. Двајцата влегоа во вербален дуел за време на еден тајмаут, а особено нервозен беше францускиот кошаркар кој му се внесе в лице на плејмејкерот.
Сето тоа се обиде да го скрие капитенот Серхио Љуљ кој мавташе со пешкир пред камерата, но и покрај тоа, добро се виде што се случува на клупата.


