Екипата на Пелистер останува во игра за пласман во плејофот од АБА 2 лигата по денешната драматична победа против Борац Бања Лука.
Битолскиот тим славеше со 73-72 и покрај тоа што во третата четвртина имаше негатива од 12 поени разлика, а на десетина секунди пред крајот на тој период беше 49-60. Најдобриот играч на Пелистер, Јуре Планиниќ ја иницираше серијата од 11-0 за израмнување, Борац подоцна имаше и +5 (72–67), но македонскиот вицешампион ни тогаш не се откажа.
Повторно Планиниќ погоди три слободни фрлања по ред, за на 39 секунди пред крајот, клучната тројка да ја постигна Александар Костоски. Борац потоа имаше два напада за победа, но Делалиќ прво ја загуби топката, а потоа промаши шут за тројка.
Планиниќ беше убедливо најдобар играч на Пелистер со 21 поен, 15 скока и 5 асистенции за индекс 36. Двоцифрени беа уштен Костоски со 14 и Најт со 13 поени. Со оваа победа, нашиот тим остана во игра за пласман во плејофот, но му остануваат уште два тешки натпревари, против Подгорица и Спартак.


