Американскиот интернационалец Зек Ледеј нема да биде во тимот на Партизан на вечерашниот натпревар против Басконија кој е од огромно значење за белградскиот клуб во битката за пласман во плејинот.
Причината е позната – смртта на таткото на кошаркарот поради што тој ја напушти екипата по гостувањето во Барселона. Засега не е познато дали Ледеј ќе биде во тимот за дуелот со Реал Мадрид, в четврток.
„Зек е во САД, зборував со него во саботата навечер и тој нема да игра против Басконија“, кратко објави тренерот Жељко Обрадовиќ.
Партизан е на делба на десеттата позиција на табелата со Валенсија, а во последните пет кола, дури четири пати игра на домашен терен. Ист биланс (13/16) има и Баерн, а со по една победа заостануваат Милано и Анадолу Ефес.


