Фактот што на крајот од оваа сезона му истекува договорот на Жељко Обрадовиќ, а уште нема најави за негово продолжување, очигледно предизвикува немир кај навивачите на Партизан.
Поради тоа, пред денешниот натпревар против Басконија во Евролигата, „Гробари“ побараа од раководството на клубот да му понуди нов договор и тоа скандирање траеше неколку минути.
Обрадовиќ на тоа одговори со потпис на таблата на која ги црта акциите што предизвика уште поголема еуфорија кај навивачите.


