На шпекулациите во врска со неговата иднина, Жељко Обрадовиќ одговори на прес-конференцијата по синоќешниот натпревар против Басконија.
Очекувано беше да се отвори темата за новиот договор, односно продолжување на соработката, а одговорот на 64-годишниот стручњак ги воодушеви навивачите на Партизан.
„Јас немам што да објаснувам, јас сум овде најсреќен човек, поминав многу како тренер, од Партизан, Хувентут, Реал, Бенетон, Панатинаикос, Фенербахче… секаде имавме прекрасен амбиент, но оваа преданост и оваа публика, тоа го нема никаде. Секогаш ќе им се заблагодарувам на навивачите бидејќи секогаш ни даваат ветер в грб. Што се однесува до мене, се ќе направам за да останам во Партизан“, рече, меѓу другото, Обрадовиќ.
Неговиот актуелен одговор истекува на крајот од оваа сезона, а навивачите синоќа, пред натпреварот со Басконија побараа тој да биде продолжен.


