Дури и кога не може ништо да погоди, Лука Дончиќ е витален играч за тимот на Далас Маверикс и многу работи зависат од него.
Неговиот тим синоќа славеше во дербито на Тексас против Сан Антонио со 113-107 и ги задржа шансите пласман во плејоф, но најинтересен беше ефектот на словенечкиот ас. Дончиќ го заврши натпреварот со 18 поени, 16 асистенции и 10 скока за 18. трипл дабл во сезоната што е негов личен рекорд во кариерата.
Сепак, ако се гребне под површината, ќе се забележи дека суперѕвездата на Далас го „скрши“ обрачот, погодувајќи 6/27 од игра и притоа реализира само две тројки од 12 обиди. Којзнае како ќе се одвиваше натпреварот ако не беше расположениот Кајри Ирвинг кој постигна 28 поени и 7 асистенции.


