Поранешниот кошаркар на Партизан, Матијас Лесор даде исклучително контроверзна изјава по вечерашниот натпревар меѓу Црвена Звезда и Панатинаикос во рамките на 30. коло од Евролигата.
Французинот беше најдобар играч на мечот со индекс 30, а не ја пропушти можноста да удри по навивачите на Црвена Звезда чија цел е уште од времето кога го носеше „црно-белиот“ дрес.
„Се изгледаше како џунгла со зебри, делфини, мајмуни и пони. Одиграв многу минути во оваа арена и навикнат сум. Секогаш сум подготвен да направам се што треба за мојот тим да дојде до победата“, изјави Лесор, а всушност потсети на една навредлива навивачка песна која ја пејат фановите на Партизан за својот најголем ривал. По претходниот меч меѓу ПАО и Звезда, тој на Инстаграм напиша ЗДМП (Звезда да ми ја понудат…), а кога беше обвинет дека го навредува белградскиот тим, рече дека не е точно, туку тоа е песна од Мартиник од каде што потекнува (Зебри, делфини, мајмуни, пони).
Интересно е тоа што сегашниот центар на Панатинаикос, една сезона од својата кариера помина и во дресот на Црвена Звезда.


