Вашингтон Стејт универзитетот не успеа да ја помине втората пречка од НЦАА плејофот и ноќеска е елиминиран од Ајова Стејт.
Кугарс загубија со 56-67, пред се поради полошата игра во второто полувреме откако првите 20 минути завршиија нерешено (27-27). Во првиот дел долго време и го диктираа темпото, отворија со 7-0, водеа со 14-6 и ниеднаш не беа во негатива.
Проблемите почнаа со стартот на второто полувреме кое Ајова Стејт го отвори со 6-0, подоцна направи и двоцифрена предност (56-46) и мирно го приведе натпреварот кон крајот.
Македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски на теренот помина 36 минути и за тоа време постигна 3 поени и 7 скока. Со овој натпревар за него заврши сезоната, но и НЦАА кариерата и покрај тоа што имаше опција да остаане петта сезона на Вашингтон Стејт.


