Екипата на ТФТ се искачи на четвртото место на табелата во Првата лига откако попладнево славеше на гостувањето кај Охрид со 89-78, по продолжение.
Поранешниот освојувач на Купот на Македонија пропушти да го реши прашањето околу победникот во основните 40 минути, имајќи предвид дека на стартот од последниот период имаше дури 15 поени предност (63-48). Охрид некако успеа да се врати во игра, благодарение на серијата од 14-4 со која се доближи на -4 (62-66), а по уште една серија од 9-0, дури и да поведе со 71-70 на две минути пред крајот на мечот.
Во последните секунди двете екипи имаа можност да дојдат до триумф, Андерсон имаше две слободни фрлања при резултат 71-72, но едно од нив промаши, а Ташовски избрза во два напада, во ситуација кога неговиот тим имаше предност од еден разлика. Во дополнителните пет минути, ТФТ влезе со серија од девет поени што веќе беше премногу за Охрид, па на крајот дури и триумфот на гостинскиот тим беше превисок во однос на тоа што се случуваше на теренот.
Ташовски со 19 поени беше прв стрелец на ТФТ, а уште четворица кошаркари имаа двоцифрен ефект. Интересно е тоа што кај Охрид, триото Андерсон-Бруер-Лајонс постигна 71 од вкупно 78 поени, а сите тројца имаа дабл дабл ефект. Со оваа победа, ТФТ се израмни со Чаир на третата позиција, додека Охрид остана на десеттото место, но со реални шанси преку плејаутот да се спаси од испаѓање.


