Кошаркарот на Црвена Звезда, Немања Недовиќ објави дека нема повеќе да игра за српската репрезентација.
Својот крај тој го соопшти по синоќешниот сензационален пораз на неговиот тим од Мега во рамките на АБА лигата.
„Завршив со репрезентацијата минатото лето, за време на подготовките за Светското првенство. Моето тело повеќе не можеше да издржи дополнителен напор бидејќи ми е потребно повеќе време за рекуперација. Годините не се намалуваат, туку зголемуваат, клупските сезони се се подолги и едвај го чекам одморот. Доаѓа време кога е јасно дека повеќе така, а јас плус добив ќеркичка и навистина сум растргнат на повеќе страни. Доаѓаат помлади…“, изјави Недовиќ.
Искусниот бек наскоро ќе наполни 33 години, а со репрезентацијата настапи на Европското првенство во 2013 година, како и на Олимписките игри во Рио де Жанеиро каде освои сребрен медал.


