Елитното европско кошаркарско натпреварување нема да претрпи измени во форматот претстојната натпреварувачка кампања, соопшти генералниот директор Паулиус Мотиејунас.
Тоа значи дека остануваат 18 екипи со 34 кола во основниот дел по што ќе се игра четвртфинале и Ф4. Екипата од Дубаи нема да се натпреварува во Евролигата, но уште е нејасно дали ќе играат двата АБА претставника Црвена Звезда и Партизан.
„Во новата сезона ќе го имаме истиот формат. Одиме чекор по чекор, нема јасен план. Сакаме да видиме што ќе биде со руските клубови, кога би можеле да се вратат, што ќе биде со Еврокупот… Има многу работи кои треба да се разгледаат, а не сакаме да бидеме затворена лига. Логично е што постои интерес и од други клубови и тоа е позитивно“, изјави, меѓу другото, Мотиејунас.
Извесно е дека идната сезона ќе има нов учесник во елитното натпреварување од Еврокупот бидејќи таму во полуфиналето ќе играат Париз, Лондон Лајонс, Бурж и Бешикташ, но на чие место би влегол освојувачот на титулата, ќе се знае дополнително.


