И шести пат оваа сезона, македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ е дел од идеалната петорка во ВТБ лигата.
Тоа го заслужи со својот одличен настап во дуелот со Зенит на мечот на кој постигна 32 поена, 9 асистенции и 5 скока за индекс 38, највисок минатата недела во регионалното натпреварување. Ова е вторпат во март тој да е дел од најдобрата петорка, а сето ова се случува по фантастичниот настап за македонската репрезентација минатиот месец.

Пред се благодарение на одличната форма на Димитријевиќ, Уникс се наоѓа на првата позиција во ВТБ лигата со големи шанси оттаму да ја почне одбраната на титулата, во плејофот.


