И покрај тоа што голем број навивачи на Партизан цела сезона тврдеа дека нивниот омилен тим ќе игра на евролигашкиот Ф4, нивното мислење не го дели Лука Дончиќ.
Словенецот ја објави својата прогноза во врска со екипите кои ќе учествуваат на завршниот турнир од Евролигата во Берлин, а со својот избор изненади многумина. Според него, во германската престолнина нема место за Барселона и покрај тоа што „каталонците“ се на делба на второто место во моментов, а воопшто не размислува дека таму ќе се најде Партизан.
Познато е дека, како поранешен играч, Дончиќ е голем фан на Реал Мадрид, а покрај бранителот на титулата, на завршниот турнир ги очекува уште грчките екипи Панатинаикос и Олимпијакос, како и Фенербахче.
Интересно е тоа што, ако успее да го помине плејинот, Партизан повторно ќе налета на Реал Мадрид кој веќе го обезбеди првото место по основниот дел од сезоната.


