МЗТ Скопје дојде до очекуван триумф во дуелот со последнопласираниот тим на табелата Вардар, но на далеку потежок начин отколку што се очекуваше.
„Фенерџијата“ го мачеше големиот фаворит полни пет 35 минути, па дури во последните пет, големиот фаворит го скрши отпорот и го победи со 86-78. МЗТ Скопје постојано беше во водство, неколку пати и се одлепи, но тоа не го обесхрабруваше тимот на Вардар кој постојано се враќаше и му беше зад петиците на домашниот тим.
На стартот од третиот период, аеродромци ги имаа највисоките +11 (45-34), но три минути подоцна веќе 48-47 за Вардар. Драмата продолжи до средината на последниот квартал, на пет минути пред крајот беше 68-67, нешто подоцна 71-69, а потоа почна финалниот спринт на МЗТ Скопје кој во последните четири минути постигна 15 поени и конечно го скрши отпорот на својот градски ривал.
Делалиќ и Ворку со по 16 поени беа најефикасни играчи на МЗТ Скопје, а Вардар го имаше расположениот Бајрам кој постигна 29 поени со 6 тројки од 7 шута и индекс 32.


