Иако е поранешен играч и легенда на клубот, Богдан Богдановиќ не верува дека „црно-белите“ ќе се пласираат на Ф4 од Евролигата оваа сезона.
Како пред неколку дена Лука Дончиќ, така и кошаркарот на Атланта Хоукс е сигурен дека Партизан нема да избори место меѓу четирите најдобри екипи во Европа. Затоа, тој верува во друг негов поранешен клуб – Фенербахче со кого во 2017 година ја освои титулата во Евролигата.
„Ќе се пласираат Реал Мадрид, Барселона, Фенербахче… и ајде да кажеме Басконија“, изјави тој за Евролигата.
Интересно е тоа што тој не верува во двата грчки клуба, а неговата прогноза можеби и ќе нема основа затоа што на три кола пред крајот, според пласманот на табелата, Барселона би играла со Фенербахче, Панатинаикос против Макаби или Виртус, а Реал против Басконија.


