Еден од носителите на играта на Црвена Звезда, Милош Теодосиќ во последен момент отпаднал од списокот на патници за Мадрид каде српскиот првак ќе му гостува на Реал во 32. коло од Евролигата.
Искусниот плејмејкер имал здравствени проблеми поради кои морал да остане во Белград.
„На последниот тренинг пред патот за Мадрид, нашиот кошаркар почувствува нелагодност и мачнина, па по превентивните прегледи во болница, одлучено е да не патува со екипата“, се вели во соопштението на Црвена Звезда.
Ова значи дека Сферопулос во Мадрид нема да има на располагање класичен плејмејкер бидејќи Јаго дос Сантос има скршеница на лицето, а Топиќ одамна е надвор од стројот. Натпреварот против Реал нема никакво резултатско значење за белградскиот тим кој одамна ги загуби шансите за пласман во плејофот. Многу поважеен е дуелот со Студентски Центар в понеделник кој директно одлучува за првото место во АБА лигата пред плејофот.


