Исклучително незгодна ситуација се случи во пресрет на вечерашниот натпревар меѓу Партизан и Олимпијакос во белградската Арена.
Домашниот клуб му додели дрес за спомен на својот поранешен кошаркар Никола Милутинов, но место еуфорија на трибините, почнаа скандирања со пцовки кон искусниот центар. Нејасни се причините за ваквото однесувањено на „Гробари“ за што има две теории. Првата е дека, фановите, всушност, го навредуваа екс-играчот на Црвена Звезда, Филип Петрушев. Двајцата не се во составот на Олимпијакос поради повреди, но дојде до чудна коинциденција поради што беше уништен моментот и се доби впечаток дека навредите се упатени кон Милутинов кој првпат е гостин на Партизан во Евролигата откако си замина оттаму во 2015 година. Втората теорија е дека фановите му се лути на Милутинов затоа што бурно ја славеше победата на Олимпијакос на првиот натпревар против Партизан, во Пиреја.
Grobari vređaju Milutinova pic.twitter.com/2iXAz59iM9
— dedalaki (@dedalaki1) March 28, 2024
Српскиот репрезентативец изгледа дека сфати што се случува, па сепак со насмевка ја проследи мини-церемонијата и така замина на клупата.


