Најтрофејниот руски клуб ЦСКА доживеа уште еден болен пораз откако на домашен терен загуби од Зенит со 91-92.
Исклучително интересниот и неизвесен натпревар беше полн со возбудувања и пресврти. Зенит во првото полувреме водеше со 21 поен разлика (43-22), имаше предност во најголемиот дел од мечот, но ЦСКА го сврте резултатот во своја корист во финишот. По серијата од 9-0 отиде на 91-88 и се чинеше дека ја има победата во свои раце.
Фрејзер намали на 90-91 на околу 20 секунди пред крајот, ЦСКА имаше напад, но при изведувањето од под својот кош, Тримбл ја загуби топката. До неа дојде Фрејзер кој го проигра Хантер, а овој, на пет секунди пред крајот му донесе водство на Зенит. Во последниот напад Мбаје не погоди тројка, а не погоди ни Астапкович од втората шанса.
Ова е трет пораз за ЦСКА во последните пет кола со што не само што ја испушти шансата да се израмни со лидерот Уникс, туку му овозможи на својот денешен противник да ѝ ја загрози втората позиција. До крајот на основниот дел од сезоната во ВТБ лигата има уште три кола.


