Поранешниот тренер на Асвел, Ти Џеј Паркер го тужел сопственикот на клубот Тони Паркер со барање за отштета бидејќи тој со месеци одбива да му ги исплати заостанатите плати.
Можеби тука не би имало ништо чудно ако не се знае дека станува збор за двајца браќа кои до пред извесен период соработуваа во редовите на францускиот прволигаш. Ти Џеј беше еден од најплатените тренери во Франција, со годишна плата од 250 илјади евра, а со оглед на тоа што е отпуштен пред крајот на договорот, клубот имаше обврска да го плаќа до неговиот истек. Тони тоа не го испочитувал и затоа работата ќе се решава на суд.
Трибуналот закажал состанок за помирување меѓу двете страни за средината на јуни. Асвел не успеа да закрепне ни со доаѓањето на новиот тренер Џанмарко Поцеко и во моментов е на претпоследната позиција на табелата во Евролигата со само седум победи.


