Екипата на Фенербахче убедливо ја совлада Алба со 103-68, а натпреварот во Истанбул ќе остане запишан во историјата по новиот рекорд на Евролигата.
Играчот на турскиот тим Најџел Хејс-Дејвис го заврши мечот со 50 поени што е ново најдобро достигнување на еден натпревар во историјата на елитната лига. Досегашен рекордер беше Шејн Ларкин кој на 29 ноември 2019 година против Баерн реализира 49 поени. Воедно, Хејс-Дејвис е прв кошаркар во историјата на НБА кој ја пробил границата од 50 поени на еден натпревар.
Уште во првата четвртина можеше да се насети дека мечот ќе биде историски бидејќи Хејс-Дејвис постигна 18 поени со шут од игра 9/11. На крајот имаше девет погодени тројки од 16 шута и индекс 46 за 30 минути во игра.


