Македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски сериозно ја разгледува можноста да се пријави на претстојниот НБА драфт.
Својата одлука ја објави преку социјалните мрежи иако, на три месеци пред драфтот, не прецизираше дали тоа ќе се оствари бидејќи во игра има уште две опции.
„Одлучив да ги разгледам опциите за трансфер, а размислувам да се обидам и на НБА дрзфтот. Во исто време, постои можноста да се вратам на Вашингтон Стејт за петта година“, напиша,меѓу другото, Јакимовски.
Досега во НБА, од македонските кошаркари играше само Перо Антиќ, но тој замина во Атланта во 2013 година во трансфер од Олимпијакос. Своевремено имаше најави дека Предраг Самарџиски и Ненад Димитријевиќ ќе се пријават на НБА драфтот, но во последен момент ги откажуваа своите пријави.


