Црвена Звезда испушти голема шанса да оствари барем една голема победа оваа сезона и како гостин да го совлада актуелниот европски шампион.
Иако водеше со 16 поени разлика во третата четвртина (70-54), Звезда на крајот загуби од Реал со 94-101, но натпреварот ионака немаше никакво резултатско значење за двете екипи. Евентуален триумф во Мадрид за белградскиот тим ќе беше достојно простување од Евролигата иако до крајот има уште две кола.
Минатата недела против Партизан блескаше хрватскиот репрезентативец Марио Хезоња, а вечерва Звезда проплака од Босанецот, Џанан Муса. Тој постигна 30 поени, а имаше огромен придонес во пресвртот на Реал со оглед на тоа што во клучните моменти погоди неколку важни шутеви.
Исто толку во тимот на Црвена Звезда постигна и Немања Недовиќ кој одигра еден од своите најдобри натпревари откако е дојден во белградскиот тим.
РЕЗУЛТАТИ
Фенербахче – Алба 103-68
Реал – Црвена Звезда 101-94
Виртус – Панатинаикос 79-81


